Борците на Кадиров силувале позната руска пропагандиска
Група кадировци во Мелитопол во Запорожје, што е окупиран од Русија, нападнале филмска екипа на рускиот пропаганден канал НТВ, која дошла „да го покрие текот на специјалната воена операција“. Притоа, борците од „баталјон Ахмат“ ја силувале новинарката Олга Зенкова и го претепале снимателот.
Раководството на НТВ го повика Истражниот комитет на Руската Федерација да го разгледа случајот. Олга Зенкова инаку важи за руски пропагандист од НТВ. Авторите на каналот тврдат дека оваа тема е забранета да се покрива во вестите за да не се „дискрредитира армијата“, но раководството на каналот решило да не го остави ова прашање неодговорено.
Во документот испратен до Истражниот комитет се посочува дека пропагандистката Олга Зенкова и снимателот Артем Јепифанов биле во хотелот „Воронцовски“ во Мелитопол, кога биле нападнати од група лица во маскирни униформи, кои се претставиле како „борци на баталјонот Ахмат“.
„Како резултат на нападот, Јепифанов Артем Сергеевич се здоби со повреди со средна тежина, за што сведочи протоколот за преглед во градската болница во Мелитопол. Во однос на репортерката Олга Викторовна Зенкова, група лица исто така извршиле насилни дејствија од сексуална природа “, – се вели во обраќањето до Истражниот комитет.
Раководството на пропагандниот канал се пожали дека во воената команда на Мелитопол одбиле да отворат кривично дело.
Телевизиската водителка Олга Зенкова од НТВ била испратена во окупираниот Мелитопол да сними пропаганден прилог. Меѓу тие што ја нападнале и силувале бил и внукот на чеченскиот лидер Кадиров, Хасан Ибрахимов.