„Бомбите ќе експлодираат на сеизматичен покрет“: Ова го пишува во дојавите за бомби


 

Се појави и информација што пишува во заканувачките дојави за бомби испратени до повеќе училишта, институции, скопскиот аеродром, хотели. Освен пораката „Суспендирајте ги санкциите, ебани гомна“, нема некои посериозни индикации зошто се пишуваат овие закани.

Првата реченица од пораката за бомби гласи: „Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја“ За да продолжи: „Затоа на денешниот ден се удруживме со нашите истомисленици и политички партии за да ги минираме следните локации во Скопје…“ и се наведува каде се наводно биле поставени бомби.

Пораката завршува со речениците:

„Бомбите се активираат и ќе експлоздираат на сеизматичен покрет.

Можеме ова да го правиме секој ден, го сакате ли ова? Бидејќи крајот не изгледа добро по вас и вашите деца, граѓани, луѓе. Или можете да решите конечно да ја направите вистинската одлука. Суспендирајте ги санкциите, ебани гомна“.

Денеска имаше над 20 дојави за поставени бомби пристигнаа на разни мејл адреси во Скопје и во Битола.