Бомба од Островот: Џеф Безос станува сосопственик на Ливерпул


 

Еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, сопственик на Амазон, наскоро треба да стане еден од сопствениците на Ливерпул, англискиот фудбалски гигант, објави денес Скај Спортс.
Гласините за ова започнаа пред неколку недели, но денес Скај Спортс носи ексклузивни информации дека договорот за купување на третина од акциите на сопственикот во Ливерпул е близу до реализација.

Безос ќе купи третина од акциите на Ливерпул со ко-основачот на Фејсбук, Едуардо Саверин, а мнозинскиот сопственик на клубот од Енфилд, Фервеј Спортс Груп (FSG), ќе ја потврди трансакцијата уште оваа недела.

Главниот сопственик на Редс, Џон В. Хенри, потврди во 2023 година дека клубот бара надворешни инвестиции, а потоа беше постигнат договор со глобалната фирма за спортски инвестиции „Династија Еквити“ за инвестирање помеѓу 100 и 200 милиони долари подоцна истата година.

Ова претставува удел помеѓу 1,9 и 3,8 проценти, додека се верува дека РедБирд Капитал Партнерс поседува 11 проценти удел.

Групата на Безос, која сака да стекне 33 проценти од акциите, ја предводи Амит Батија, син на индискиот челичен магнат Лахсми Митал.

Богатството на Безос, според „Форбс“, се проценува на околу 230 милијарди евра, додека за Северин се вели дека „тежи“ околу 30 милијарди евра.