Болсонаро го напушти Бразил


Бразилскиот претседател во заминување Жаир Болсонаро ја напушти земјата и отпатува за Флорида, 48 часа пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Игнасио Лула да Силва, тврдејќи дека „ја изгубил битката, но не и војната“.

Претседателската функција сега ја извршува заменик-претседателот Хамилтон Мурао.

Болсонаро повеќе пати рече дека не сака да му ја предаде претседателската функција на Лула да Силва и ја доведе во прашање легитимноста на октомвриските избори на кои беше тесно поразен.