Богдановски: Зад дојавите за бомби стојат инструирани хакерски центри
Универзитетскиот професор Марјан Богдановски смета дека лажните дојави за бомби имаат за цел да го нарушат целокупниот живот во земјата и да предизвикаат деструкција, така што се чувствува постојана напнатост, страв, како и недоверба во институциите.Во гостување во СТУДИО 10 на Телевизија 24, проф. Богдановски вели дека ова не е детска игра, туку обучени хакерски институирани центри.
Немам опипливи информации за да можам да знам, дури ни интуитивно, кој би можел да стои зад ова. Но знам дека ова не е детска игра туку се обучени хакери инструирани од центри коишто ја туркаат идејата Македонија да биде вознемирена, односно центри на хибридни напади. Ова не е игра, не се чекори на поединци, вели тој.
Според него, Македонија не може сама да го реши овој проблем, потребна и е странска помош, но потребно е и полицијата да постапува по секоја дојава за бомба. Додава дека сосема е возможно сценарио во екстремен случај да биде врбуван човек од внатре во институцијата каде што има дојава за бомба и да биде поставена бомба.
Секогаш постои можност некоја закана да биде реална. Тоа не можеме да го предвидиме. Но, неопходно е ова да заврши час поскоро. Ние сме членка на НАТО, ставени сме на тест, граѓаните се вознемирени, а имаме од кого да побараме помош, заклучи Богдановски.