Богдановиќ: Измените во Законот за урбанистичко планирање ќе овозможат побрзо донесување на планот


– Нема да има никакво протнување на спорните дупови од Центар особено не за висококатниците на локацијата кај „Холидеј Ин“, тврди градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ.

-Кога ќе имаме конкретна информација и по мислење на Министерството за одреден елаборат ќе ви дадеме конкретна слика. Дали ќе биде дел, дали ќе биде цел опфат, на крајот ќе се заклучи во самото мислење. Ние сме ги дале сите параметри кои сметаа дека се потребни. Комисијата работи на тој проблем, станува збор за обемен материјал, бидејќи има многу земјишта кои се отуѓени со јавно наддавање за кои се почнати постапки. Потоа имате кривична оговорност, мора да координирате со обвинителство, со судовите бидејќи ако направите една мала штета, скапо може да ја чини Општината, рече Богдановиќ.

Со новите измени во Закон за урбанистичко планирање, смета тој, ќе се придонесе што побрзо да одат роковите, односно побрзо да се донесе план.

– Да не може по сто пати да се враќа кај планер, па да не постапува, па во институција, па институцијата имала тука некој или немала, па денес има една забелешка. Не! Еднаш треба да се кажат забелешките за да може што побрзо да го однесеме планот, бидејќи џабе разговараме, ако не донесеме нов план, како што сме имале нови планови, да отстраниме тоа што е спорно, вели Богдановиќ.