Богданка Кузеска, портпаролката на СДСМ, е позитивна на Kовид-19


Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска е позитивна на Ковид-19, информираше таа вечерва на својот профил на Фејсбук.

„Би сакалa да ве информирам дека вечерва добив позитивен резултат за Ковид-19. Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно. Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг. Во овој период секој мора да биде одговорен, апелирам за строго почитување на мерките, не 99, туку 100 % почитување на сите мерки за заштита на здравјето.Чувајте се!“, напиша Кузеска на Фејсбук.

Кузеска, во неделата, присуствуваше на партискиот конгрес на СДСМ, а беше присутна и на изјавата на лидерот на СДСМ Заев.

Претходно, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, потврди дека е позитивен на Ковид-19.

Сепак, Заев попладнево на Фејсбук напиша дека ги добил резултатите, и тие се негативни, иако во последните неколку дена беше во присуство на двајца од неговот окружување, кои се позитивни на корона вируспт.