BMW го сели производството од Велика Британија во Австрија


BMW може да пресели делот за производство на мотори од Велика Британија во Австрија во случај да се случи неконтролиран Брегзит, изјави денеска член на управата на германската компанија Петер Шварценбауер.
„Имаме одредена флексибилност кога станува збор за мотори со Steyr во Австрија. Би било потребно да извршиме некои измени. Подготвени сме да го направиме тоа“, рече Шварценбауер во текот на Саемот на автомобили во Женева.
Додаде дека не е донесена одлука за тоа дали да се премести производството на мотори од Хамс Хол во Англија.