Блокирани сметките на „Аџибадем“ во Турција
„Одлучено е да се блокираат сметките на компанијата која има долг од 4 милиони 241 илјади лири со побарувања, камати и трансакциски трошоци“, се вели во соопштението на Канцеларијата.
Здравствената групација „Аџибадем“ е еден од најголемите турски приватни здравствени синџири и има болници во речиси секој град во Турција. Таа повеќе од една деценија работи и во Македонија, откако влезе како инвеститор во приватната болница „Систина“.