Бизнис заедницата, политичари и коморите на Ифтарска вечера во организација на МАТТО
Премиерот Христијан Мицкоски, спикерот Африм Гаши, голем број претставници на македонската и на турската политичка и бизнис сцена беа гости на Ифтарската вечера што ја организираше Стопанската комора на Македонија и Турција (МАТТО).
Настанот собра голем број претставници на бизнис заедницата, стопански комори, институции, дипломатски претставници, како и претставници на граѓанскиот сектор и медиумите, при што беше истакната важноста од негување на меѓусебната соработка, дијалогот и економското поврзување.
На Ифтар вечерата присуствуваше Поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетаи. Присуствуваа и претставнции на коморите, меѓу кои и претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора, Биљана Митева, која за светиот месец Рамазан, од името на Македонско-бугарската стопанска комора им посакува на сите припадници на муслиманската вероисповед мир, здравје и благосостојба.
Присутните гости ги поздрави претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски, кој истакна дека ваквите настани претставуваат значајна можност за зајакнување на пријателството и соработката меѓу бизнис заедниците, како и за продлабочување на економските и општествените врски.
Ифтарската вечер помина во пријатна и свечена атмосфера, во духот на солидарност, почит и заедништво, вредности кои се особено значајни во текот на светиот месец Рамазан.