Бизарно: Пејџерите на членовите на Хезболах експлодираа во исто време, осум мртви и дури 2.750 ранети
Најмалку осум лица загинаа, а 2.750 се повредени по експлозии на пејџер низ целата земја, според министерот за здравство на Либан, Фирас Абиад.
Иранскиот амбасадор во Либан, Мојтаба Амани, е меѓу повредените, како што јави иранската новинска агенција Мехр. Иранската полуофицијална новинска агенција Фарс објави дека Амани се здобил со полесна повреда. „Амани има површна повреда и моментално е под опсервација во болница“, цитира Фарс извор.
Либанските власти во вторникот изјавија дека „голем број луѓе“ се повредени во различни делови на земјата откако пејџерите што ги носеле експлодирале. Меѓу повредените има и членови на милитантната група Хезболах, кои ги користат овие направи.
Footage of the moment when Israel remotely hacked into Hezbollah's unique communication devices and blew them up throughout Lebanon today. pic.twitter.com/fL74b7eyQO
— Clash Report (@clashreport) September 17, 2024
„Секој што добил нов пејџер, ве молиме веднаш да го фрлите“, се вели во гласовната порака испратена до членовите на Хезболах, според еден од членовите кои ја споделиле пораката со The Washington Post.
Здравствените власти известија за хаотични сцени во болниците ширум земјата кога пристигнаа амбулантни возила, вклучително и во главниот град Бејрут. Либанската државна новинска агенција соопшти дека се пријавени „неколку повредени“ во градовите во јужен Либан, во близина на границата со Израел, во северен Либан и во крајбрежниот град Тир. Либанското Министерство за здравство соопшти дека „голем број“ луѓе пристигнуваат во болниците поради експлозиите на овие уреди.
Болниците се ставени во „максимална готовност“, се вели во соопштението, додавајќи дека Министерството „ги замолува сите граѓани кои поседуваат безжични комуникациски уреди да се држат настрана од нив“. Здравствените работници беа поканети да дојдат на работа за да обезбедат „итна помош“, а беа испратени и покани за дарување крв, се вели во друго соопштение.
Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат нешто што изгледа како пејџери тешко оштетени од експлозии, како и ситуации кога уредите експлодирале во продавниците додека нивните сопственици ги носеле.