Бизарна смрт на руска модна блогерка : Ја пронашле мртва во ковчег


Русија- Екатерина Карагланова, руската модна блогерка е пронајдена мртва во изнајмениот стан во Москва.

Освен што беше активна на социјалните мрежи каде ја следеа 80.000 луѓе, таа работеше и во болница, каде специјализираше дерматологија и венерологија.

Како што пренесуваат британските меидуми, 24-годишната девојка е пронајдена гола во ковчег со пресечен врат и повеќекратни убодни рани. Се сомнева дека мотив за убиството е љубомора, пишува „Мирор“. Засега никој не е уапсен.

Екатерина неодамна започнала врска со 52-годишен маж, со кој требала да оди на одмор. Пред него била во врска со 32-годишен маж, но не е познато кога раскинале.