Битола викендов домаќин на поединечното Државно првенство во бокс
Со настап на најдобрите македонски боксери во сите возрасни и тежински категории викендов во Битола ќе се одржи јубилејното 30 поединечно Државно првенство во бокс.
Полуфиналните и финалните борби ќе се одржат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во организација на локалниот клуб „Пелистерски јунак“.
„Домаќините БК Пелистерски јунак го прифатија предизвикот заедно со градоначалникот на општината Тони Коњановски и се надеваме дека и битолската публика ќе ужива во овој боксерски хепенинг, воедно и почеток на една голема традиција во името на Битолски победник“, изјави претседателот на Боксерската федерација на Македонија (БФМ), Кристијан Андреевски.