Битиќи тврди: Имаме функционално неписмени во Агенцијата за вработување


Од 1 јануари 2023 година Македонија ќе биде прва земја во регионот, можеби и пошироко која што ќе воспостави дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција за поддршка на инвестиции, односно за давање информации за инвестиции во нашата земја.  

-Ќе бидеме првата земја во регионот и пошироко која ќе воведе дигитален асистент за поддршка на инвестиции, наместо да добивате 20 различни луѓе кои ќе ви дадат 20 различни информации, ќе го имате дигиталниот систем кој ќе зборува на три јазици англиски, македонски и албански и ќе добиете целосен извештај за чекорите кои треба да ги поминете за да добете поддршка од страна на Владата за одредена инвестиција независно од тоа дали е домашна или странска затоа што ние пред пет години ги усогласивме политиките за еднаков пристап кон добрата на државата и за странските и за домашните инвеститори, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој  додаде и дека заедно со Светска банка се работи на воспоставување систем за менаџмент на информации со кој ќе се изврши дигитализирање на 11 процеси, на 11 различни институции што оперираат со механизмот на државната помош, контрола на искористеноста на механизмот на државна помош за поддршка на инвестиции, и најбитно, ќе овозможи алатка за следење на ефикасноста и ефективноста на државната помош која што се користи за поддршка за инвестиции, но и на други политики.

ие никогаш не го сфаќаме или не сакаме да сфатиме дека МЗШВ и нивните агенции оперираат со најголемиот механизам и најголемите фондови за државна помош, која што годишно ја даваат, но никој досега не зборува за ефикасноста и ефективноста на тој механизам. Денеска да имам на располагање да поддржам со 150 милиони евра компанија од приватниот сектор знаете каков буст ќе е тоа на економијата. Ние даваме 150 милиони евра за земјоделство во изминатите 10 години, а се соочивме заради кризата во Украина, со недостиг на храна затоа што сфаќаме дека земјоделското производството се намалува наспроти зголемување на субвенциите. Ете тој механизам е клучен за да сфатиме каде одиме и какви политики креираме, рече Битиќи.

Тој потенцира и дека имаме функционално неписмени во Агенцијата за вработување затоа што ако иднината се заснова на четвртата индустријализација, а повеќето од нас не знаат што е вештачката интелегенција, треба да се прилагодуваме, и затоа промената почнува од самите нас, а не од другите, но прво треба да признаеме каде се наоѓаме.

Според Џон Кеј, програмски офицер за Европа и Евроазија во Центарот за меѓународно приватно претпријатие (CIPE), во однос на скрининг механизмот за директни странски инвестиции што доаѓаат во земјата, важна е отчетноста на инвестициите, односно дали станува збор за конструктивен капитал или за корозивен капитал кој обично доаѓа на пазари каде нема транспарентност, нема отчетност и нема добро владеење, или пак навистина нема добар бенефит за засегнатите страни или за локалното влаедеење на правото. Со трите пибликации, изработени врз онова на извештаи и од соработката со стопански комори и граѓанскиот сектор, се даваат препораки за намалување на лошите последици од корозивниот капитал, односно да се искористат можностите кои Северна Македонија ги има за конструктивни инвестиции.

Зоран Нечев од Институтот за демократија,изјави дека засега Северна Македонија, но и сите земји од регионот немаат механизам во којшто можат да ги оценуваат квалитетот и самиот интегритет на инвестициите коишто влегуваат во земјата.

Тој посочува дека инвестициите зависат од самата инвестициска клима која што државата ќе ја креира, а механизмот за оценување на квалитетот на инвестициите, е филтерот низ којшто мора да поминат сите инвестиции за да влезат во земјата, за да се спречи влез на корозивен капитал, кој откако ќе влезе многу тешко се искоренува, а, вели, може да направи огромни проблеми во нашата економија.