Битиќи: Си седнале архитекти на „Гугл мапс“ и си проектирале автопат низ гробишта
-Не слушам никаде да се дискутира еден момент. Зошто никој не праша зошто автопатското решение што „Бехтел и Енка“ ќе го гради е Гостивар-Бокојчани, Требеништа-Струга? Како ќе се оди од Бокојчани до Кичево? По колски пат? Зошто тоа прашање никој не го постави? Еве ќе ви кажам, поради законте што ги имаме денес, имаме проект изготвен пре 6-7 години, финансиран од ЕБРД и со средства од ЕУ., а решението кое ни го дале на маса имало три опции кои можеле да се изберат. Нашите познати архитекти и проектанти го избрале најдоброто решение за нив, но најдоброто решение поминува врз село Бокојчани. Значи автопат со 45 метри широчина при што треба да се дислоцираат 27 куќи и гробишта 400 години стари – рече Битиќи во интервју за ТВ21.
Мултинационална компанија како „Бехтел“, додаде тој, не може да си приушти да чека некој да се занимава со вакви ситници.
-На „Гугл мапс“ си седнале и проектирале, не излегле на терен. Законското решение им го нуди тоа. Ние сакавме пред две години да го објавиме тендерот, но граѓаните реагираа – извинете, а како ќе ни ги дислоцирате гробиштата? Двете опции кои биле отфрлени биле подобри, поевтини и без никаква штета. Но, некој ја избрал оваа траса – рече Битиќи.
Тој рече дека договорот не се објавува поради технолошкиот процес на самата компанија и дека такви договори се потпишуваат меѓу влади и големи корпорации.
-Договорот има клаузула за прифатливост и доверливост. Нема ништо да биде сокриено, секој детал и секој денар кој ќе биде потрошен ќе биде обзнаен пред граѓаните, за разлика од другите автопати кои се правеле во минатото – рече Битиќи.