Битиќи негира дека сакал да биде премиер
Претседател на комисијата за финансии во СДСМ и советник на премиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, демантира дека се гледа себе како премиер, како што пренесе телевизија Сител.
-Најверојатно станува збор за недоразбирање, оти мислев на министерска позиција, а не на премиерска функција. Реков „во политиката се е возможно, но ќе оставам на мандатарот, а тоа е господинот Зоран Заев да одлучи дали јас сум најдобриот кандидат за некое од министерските места“, изјави Битиќи за 24 Инфо.