Бислимовски уверува: Граѓаните да бидат спокојни за грејната сезона
Директорот на Реулаторната Комисија Марко Бислимовски во денешното гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 рече дека се подготвени за грејната сезона, а во текот на месец септември се прават таканаречени ладни проби за да се видат инсталациите кај самите потрошувачите и доколу имаат пролем да реагираат навреме.
-Околу 380 објеки се критични од аспект на непокриени сметки за потстаниците кои ги имаат и апелираме до компаниите кои се задолжени за куќниот совет своите трошоци да си ги покријат со цел да немаат проблеми кога ќе почне сезоната. Топланите во Скопје додека беа кај „Топлификација“ имаа склучено договор со БЕГ прозиводство. Сега очигледно е дека нов сопственик ќе биде АДОРА. Ние на АДОРА согласно законот за енергетика ќе и определуваме цена за топлинска енергија како регулиран производител. Од апсект на цена ќе нема никаква промена кај граѓаните, бидејќи како што досега сме определувале цена во претходниот период така на истите тие топлани ќе им определуваме цена и во наредниот период, рече Бислимовски.
Тој изјави дека верува дека и АДОРА ќе ја извести јавноста откако ќе стане официјално сопственик и кога ќе се одржи стечајното собрание дали ќе ја врши оваа дејност или ќе ги даде под наем овие топлани како што беа давани во претходниот период на БЕГ производство.
-Граѓаните да бидат спокојни во текот на грејната сезоната. Нема да дозволиме никакви трансакции, ќе си останат тие компании кои си ја вршат дејноста. Се разбира за тоа и новиот сопственик ќе треба да склучи соодветен договор доколку има потреба со БЕГ производство, рече Бислимовски.