„Бирај ти“ – Дино Мерлин му напиша песна на Здравко Чолиќ (видео)


По цели две години, Здравко Чолиќ на публиката и подарува нова песна – „Бирај ти“. Тоа е само една во низата премиери што ќе биде увертира на 16-тиот студиски албум на музичкиот великан.

„Бирај ти“, раскажува Чола, е носталгична приказна за сеќавањата на една стара љубов која се враќа, а за чија судбина одлучува таа – Јелена.

„Тоа е песна која ќе ве расплаче, ќе ве весели, но и ќе крши чаши – и од среќа и од тага“, вели Чола.

Текстот и музиката на песната ги потпишува неговиот пријател сарајлија, музичкиот волшебник Дино Мерлин.

Зад музичкиот аранжман стои Марко Стојановиќ Луис, а спотот за песната е снимен под палката на режисерот Арнеј Мисирлиќ.

„Им благодариме на сите соработници и пријатели кои учествуваа во креирањето на овој проект. Ве сака вашиот Здравко Чолиќ“, е последната порака на ѕвездата по повод премиерата на песната.