Билт: Кога нешто е важно за Европа, САД го исполнуваат


„Држење говори во Брисел за „стратешка автономија“ и „глобална улога“ на ЕУ е една работа, но кога тоа навистина е важно за безбедноста на Европа, САД се тие што настапуваат. Срамно“, напиша на Твитер поранешниот шведски пемиер Карл Билт.

За да го илустрира тоа, Билт објави табела со помошта што ја дале земјите за Украина според која се гледа дека сите заедно европски земји немаат дадено колку САД – една земја членка на НАТО.