Бил Гејтс: Ќе се обидам да работам со Маск бидејќи е брилијантен, богат и влијателен


Бил Гејтс зборуваше за неговиот однос со Илон Маск, велејќи дека и покрај нивните разлики, тој се надева дека ќе соработува со својот колега милијардер.

„Понекогаш беше добар со мене, а понекогаш и злобен кон мене. Ќе се обидам да работам со него бидејќи е брилијантен, богат е, влијателен е“, изјави ко-основачот на Мајкрософт во интервју за „Индипендент“.

Гејтс (69) беше најбогатиот човек на светот од 1995 до 2007 година и од 2014 до 2017 година, додека Маск ја носи титулата од 2021 година. Гејтс нагласи дека двајцата разговарале за филантропија, при што извршниот директор на Тесла и Спејс икс ветил дека ќе се приклучи на кампањата на Гејтс, Giving Pledge и ќе се обврзе да го донира поголемиот дел од своето богатство во добротворни цели.

Говорејќи за „Индипендент“ пред објавувањето на неговите мемоари, Гејтс истакна дека му се восхитува на Маск од многу причини. „Изненаден сум од одличната работа што ја направи во Тесла и Спејс икс.  Фактот дека Тесла некако ја принуди автомобилската индустрија да прави одлични електрични возила е огромен придонес“, нагласи тој.

Сепак, тој додаде дека бил изненаден од начинот на кој Маск и другите лидери на големите технолошки компании го поддржале новиот претседател Доналд Трамп.

„Малку сум изненаден од разновидноста на политичките ставови што произлегуваат од Силиконската долина. До пред околу шест години, освен Питер Тиел – кој има уникатен сет на ставови што не ги разбирам целосно, но мислам дека не е лесно да се карактеризираат – Силиконската долина беше составена од луѓе кои беа лево од центарот, слично на Калифорнија. „Значи, овој феномен на многу луѓе кои му даваат големи пари на Трамп и му помагаат е малку изненадување за мене“, призна Гејтс.

Гејтс откри дека не го видел Маск откако Трамп беше реизбран и се пошегува дека очекувал да налета на него кога го посетил тогаш избраниот претседател во Мар-а-Лаго пред инаугурацијата на Трамп во јануари. „Кога отидов да го видам Трамп, се прашував дали Илон ќе биде таму, но на крајот тоа беше средба само со Трамп“, се сеќава тој.