Бијонсе виновна за инфлацијата во Шведска?


На популарната пејачка Бијонсе ѝ се припишуваат најразлични заслуги, а оваа последната нема да ви се допадне…

Економистите, всушност, сугерираат дека таа е „виновна“ за зголемувањето на инфлацијата во Шведска, пренесува Јутарњи лист.

Цените се зголемија за 9,7 отсто во мај на годишна основа, што е намалување од 10,5 отсто во април, па инфлацијата падна под 10 отсто за прв пат по повеќе од шест месеци.

„Континуираното намалување на цените на струјата и храната придонесе за пониска стапка на инфлација во мај“, рече Мајкл Нордин, статистичар во Статистика Шведска.

„Во исто време, се зголемија трошоците за одредени стоки и услуги, „на пример, хотели, ресторани, рекреативни услуги и облека“, велат од агенцијата.

Според Мајкл Гран, главен економист за Шведска во Danske Bank, посетата на пејачката Бијонсе на Стокхолм може да го објасни ова неочекувано зголемување.

„Светската турнеја на Бијонсе што започна во Шведска се чини дека влијаеше на инфлацијата во мај, не е сигурно колку“, рече Гран во објавата на социјалните мрежи.

Тој додаде дека нејзиниот концерт одржан во мај е „веројатно одговорен“ за 0,2 од 0,3 проценти зголемување на цените на хотелите и рестораните.

Десетици илјади обожаватели се собраа во Стокхолм во средината на мај за да присуствуваат на два концерта што ја започна нејзината прва соло турнеја по седум години. Инфлацијата достигна врв во декември и изнесуваше 12,3 отсто, а потоа благо забави во јануари, кога падна на 11,7 отсто, но во февруари неочекувано се врати на 12 отсто.

Како и нејзините колеги во САД и Европа, шведската централна банка постојано се обидуваше да ја спречи инфлацијата.