Би-Би-Си: Се појави и втор свиркач против Трамп
Англија– Во процесот за смена на американскиот претседател Доналд Трамп се случи изненадување бидејќи се појави и втор свиркач, соопштија адвокати кои го застапуваат првиот свиркач.
Адвокатот Марк Заид рече дека и тој изнел информации за обиди на Трамп да изврши притисок врз украинскиот претседател Володомир Зеленски да го истражи неговиот политички ривал, поранешниот потпретседател и можен претседателски кандидат Џо Бајден.
Тој нагласи дека и вториот свиркач е од разузнавачките служби и запознат со случајот и дека за тоа разговарал со генералниот инспектор, јави Би-Би-Си.
Белата куќа не ја коментираше информацијата, а Трамп ги отфрли и првичните наводи.
Засега не се знае ништо за деталите поврзани со вториот свиркач.
Заид во изјава за Еј-Би-Си, рече дека вториот човек е личност која од прва рака дознала за наводите поврзани со телефонскиот разговор на Трамп и Зеленски од 25 јули. Њујорк тајмс објави дека вториот свиркач разгледува излегување во јавност со целосни информации за тој случај.