Безос продаде нов пакет акции за 990 милиони долари
Само неколку дена претходно, Безос продаде акции вредни 1,8 милијарди долари, од што ќе му останат 1,4 милијарди долари.
Како најбогат човет на планетата, Безос сега вреди проценети 110,1 милијарда долари, сметајќи ја заклучната цена на акциите на Амазон.
Портпаролот на Амазон одби да соопшти за што Безос продал уште еден пакет акции. Аналитичарите сметаат дека средствата му се потребни за финансирање на „Блу Ориџин“, компанија за истражување на вселената, која Безос ја основаше во септември 2000 година,