Без вода вечерва дел од населба Тафталиџе


Поради уличен дефект ф100 милиметри на улица „Софиска“ број  27б во населбата Тафталиџе, вечерва прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „Бриселска”, „Копенхагенска”, „Стокхолмска”, „Петар Драганов” и „Његошева”, информираат од ЈП „Водовод и Канализација”.

Прекинато водоснабдување во наведените улици ќе почне  од 19:00 часот и ќе трае до санирање на дефектот.