Без вода утре корисниците од улица „Мирче Ацев“


Корисниците од улицата „Мирче Ацев“, утре од 7.30 часот ќе останат без вода за пиење, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, вода за пиење ќе нема поради изведување водоводен приклучок на улицата „Мирче Ацев“ без број.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.