Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
Поради уличен дефект на улицата „1670“ во Ново Село, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисници од неколку делови на општина Ѓорче Петров, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што е најавено, без вода утре од девет часот до санирање на дефектот, ќе бидат улицата „Лука Геров“, Ново Село, Стопански Двор, Кисела Јабука, Волково, Орман, Никиштани.