Без вода утре дел од Тафталиџе

Поради дефект на приклучна цевка на ул. „Дамаска” бр.11б во населба Тафталиџе, утре без вода ќе останат дел од корисниците од улиците „Дамаска” и „Прашка”, како и објектите на гимназијата, градинката и О.У. Нова во Општина Карпош.
Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација” прекинот во снабдувањето со вода ќе биде во периодот од 10:00 часот па се до отстранување на дефектот.