Без вода неколку улици во Гази Баба и Центар


Фото: Б. Грданоски

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека денеска без вода ќе бидат неколку улици во општините Центар и Гази Баба. 

Поради  дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-150 мм во парк шума Гази Баба, од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: „16-та Македонска Бригада“, „Трифун Хаџијанев“, „Ташко Караџа“, „Христо Ботев“, „Јани Лукровски“ и дел од „Бапчор“, во општина Гази Баба.

Поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. „9-ти Мај“ прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „9-ти Мај“, „Христо Смирненски“, „Петар Попарсов“, „Костурски Херои“, дел од бул. „Теодосие Гологанов“ и „Борка Талевски“ во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека најавениот прекин на водоснабдувањето, зa вчера, односно санацијата на дефект на ул. „Франклин Рузвелт“ 60 , поради технички причини се одложува за денеска. Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Франклин Рузвелт“ и потегот од „Орце Николов“ до бул. „Партизански Одреди“ во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.