Без вода неколку улици во Центар


Фото: Б. Грданоски

 Без вода денеска од 8:40 часот ќе бидат корисниците од улиците „Самоилова“, „Јоаким Крчовски“ и „Банатска“ во населба Центар.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен водоводен дефект од ф 150мм на ул. „Самоилова“ бр.50 во Центар.

Водоснабдување ќе биде прекинато до завршување со работните активности.