Без вода корисниците од Трнодол и Ченто


Прекин на водоснабдувањето денеска од 10:35 часот  ќе имаат корисниците од населба Трнодол.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради дефект на приклучна цевка Ф-2 на улица „Лесновска“ број 13.

Без вода денеска ќе биде улицата „Христофор Жефаровиќ“ во скопската населба Ченто, инфромираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот на водоснабдувањето, се наведува во соопштението, е поради изведување водоводен приклучок од Ф 150 на улица „Христофор Жефаровиќ ББ“ и ќе трае од 10:50, па се до завршување на активностите.