Без вода корисниците од „8-ми Септември“ до „Франклин Рузвелт“


Фото: Б. Грданоски

Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од бул. „8-ми Септември“ до „Франклин Рузвелт“ во Општина Карпош.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради дефект на приклучна цевка на бул. „Партизански Одреди“ бр. 59 а.

Водоснабдувањето во овие населени места ќе биде прекинато до завршување со работните активности.