Без вода корисници во Трубарево


Фото: Б. Грданоски

Корисници од Трубарево во општина Гази Баба од 9 часот ќе немаат вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје по известување од ЈП Водовод и канализација-Скопје. 

Според најавата, прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради изведување водоводен приклучок на улица во населбата и ќе трае до завршување на работните активности.