Без вода делови од улиците „Женевска“, „Јоаким Осоговски“ во Карпош и „Салвадор Аљенде“ во Кисела Вода


Фото: Б. Грданоски

Без вода неколку часа денеска ќе бидат делови од улиците „Женевска“ и „Јоаким Осоговски“ во општината Карпош и „Салвадор Аљенде“ во општината Кисела Вода. Причина за прекинот на водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Прекинато водоснабдувањето од 9 часот до завршување со работните активности ќе имаат корисниците на дел од улиците „Женевска“ и ул.„Јоаким Осоговски“ во општината Карпош поради изведување на водоводен приклучок ф-125 мм на ул.„Женевска“ 5.

Прекинато водоснабдување од 10:30 часот до завршување со работните активности ќе имаат корисниците на дел од улицата „Салвадор Аљенде“ во општината Кисела Вода поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.„Салвадор Аљенде“ 58.