Без вода делови од Чаир, вклучително и гинеколошката болница


Фото: Б. Грданоски

Поради санација на дефект на водоводна мрежа, без вода денеска ќе бидат корисниците од неколку улици во општина Чаир, вклучително и Гинеколошко-акушерска болница „Чаир“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП Водовод и канализација, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Неџат Аголи“, „Коста Абрашевиќ“ и „Кримска“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе таре до санирање на дефектот на водоводна мрежа, на крстосницата помеѓу улиците „Неџат Аголи“ и „Коста Абрашевиќ“.