Без вода дел од Волково

Поради уличен дефект Ф150мм на улица „31“ бр.5 во населбата Волково во општина Ѓорче Петров денеска од 13 часот има прекин на водоснабдувањето кај корисниците од ул: „31“,„33“ и „49“ и дел од Стопански двор.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот на водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.