Без вода дел од општина Сарај
Дефект на приклучна цевка на ул. „2“ во Сарај, кај средното училиште во општина Сарај, ќе се санира денеска, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Поради дефектот, од синоќа во 21.30 часот прекинато водоснабдување имаат корисниците на дел од улицата „2“ – околу 20 куќи, амбулантата и училиштето.