Без вода дел од Општина Центар

Без вода денеска од 8:15 часот се дел од корисниците од улицата „50 Девизија“ во Општина Центар.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот е поради уличен водоводен дефект од ф-80 милиметри на улица „50 Девизија“ број 27.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата.