Без вода дел од Општина Бутел

Без вода денеска од 8:10 часот се дел од корисниците од улиците „Боро Кралевски“ и „АФЖ“ во општина Бутел.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект ф-80 милиметри на улица „Боро Кралевски“ без број.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.