Без вода дел од општина Аеродром

Без вода денеска од 12:35 часот се дел од корисниците од булеварите „АСНОМ“ и „Србија“ до улицата „Февруарски Поход“.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф-100 милиметри висока зона на белевар „АСНОМ“ 58 кај Зур маркет.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.