Без вода дел од Општина Аеродром


Фото Б. Грданоски

Без вода денеска од 14:15 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Венијамин Мачуковски“ во Општина Аеродром.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок Ф-100 милиметри на улица „Венијамин Мачуковски“ број 5.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.