Без вода дел од Ново Лисиче
Без вода денеска од 10:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Видое Смилевски – Бато“ број 55, од ниска зона.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на приклучна водоводна цевка Ф-80 милиметри на истата адреса.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.