Без вода дел од Крњево и Моране

Без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од жителите на населбите Крњево и Моране.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, корисниците од Крњево ќе бидат без вода поради изведување водоводен приклучок ф-150 милиметри на булевар „Гоце Делчев“ без број.
Поради дислокација на пумпен дел во ПС Моране, денеска од 9 часот ќе бидат исклучени пумпите, а прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од викенд населбата Моране. До утре е планирано со завршување на дислокацијата.