Без вода дел од корисниците од улицата „Востаничка“


Фото: Б. Грданоски

Без вода денеска од 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Востаничка“ во Општина Кисела Вода. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок Ф-80 милиметри на улицата „Востаничка“ 7А.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.