Без вода дел од Клиничкиот центар и неколку улици

Поради дефект на улична цевка од 11:50 часот без вода се корисниците на дел од улиците „Рилски Конгрес“, „Белградска“, „Партение Зографски“ и дел од Клиничкиот Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.