Без вода дел од Керамидница


Поради дефект на приклучна цевка на улица „520“ број 15 во скопската населба Керамидница, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од оваа улица, соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

– Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот, па до завршување со активностите, информираат од градски водовод.