Без вода дел од Центар кај Цветен пазар


Фото: Б. Грданоски

 Без вода денеска од 9:30 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Народен Фронт“ и „Васил Ѓоргов“ во општина Центар. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен дефект на улица „Народен Фронт“ без број, кај Цветен пазар. 

Поради реконструкција на водоводна мрежа на улица „Кнез Трпимир“ бр.19, прекин во водоснабдувањето од 9:15 часот ќе имаат корисниците од населбата Трнодол.

Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до санирање на дефектот.