Без вода дел од Центар


Фото Б. Грданоски

Без вода од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците Истарска и Маџирмаало во Општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдувањето е поради изведувањето на водоводен приклучок на ул. Кеј 13-ти Ноември бб и ќе трае до завршувањето на интервенцијата.