Без вода дел од булеварот „Јане Сандански“


Фото: Б. Грданоски

 Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од булеварот „Јане Сандански“, односно парните броеви од 34 до 64. во Општина Аеродром.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Васко Каранѓелевски“ бр.38.

Водоснабдувањето во овие населени места ќе биде прекинато до завршување со работните активности.