Без струја утре делови од Карпош, Сарај и Бутел

Без електрична енергија утре од 9:00 до 14:00 часот ќе останат корисниците од селата Горно Нерези и Горни Крушопек.
Во периодот од 9:00 до 15:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „Призренска“ бр. 1, 2, 3, 6, 8, 9, 18, 22 и 53 во Општина Бутел.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.