Без струја корисници во Илинден, Арачиново и Карпош


Фото: Б. Грданоски

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа за денеска е најавен времен прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од корисниците во општините Илинден, Арачиново и Карпош. 

РЦУК Скопје најави дека без струја денеска од 08:00 до 10:00 часот бе ќе бидат корисниците од ФРЕШ ФАРМ село Мршевци,ФЕЦ СИМАО 1,2.3, Фото солар, Сити Феш, Мец Солар, Солант, Мијак и од селата Бунарџик и Ајватовци во општина Илинден, како и корисницте од село Грушино во општина Арачиново. 

Прекин во снабдувањето со струја денеска од 9 до 13 часот ќе имаат и дел од корисниците на ул. „Милан Марковиќ“ бр. 2-8, во општина Карпош, од село Мршевци и Фреш фарм во општина Илинден, од село Бунарџик,  од ФЕЦ Симао 1, 2, 3, Фото Солар, Сити феш, Мец Солар, Солант и Мијак во  општина Илинден, а од 10:00 до 12:00 часот корисниците од село Грушино во општина Арачиново и од село Ајватовци во општина Илинден.